Невреме во Скопје
Во моментовнестабилно со локален пороен дожд и грмежи е сосема на север на почирокото градско подрачје на град Скопје. Оваа облачност се преместува преку Скопска Црна Гора кон Кумановско со умерена брзина и е проследена со повремени ретки грмежи.
Се очекува оваа подрачје и в следниов час и нешто повеќе да има повремен дожд и умерен ветер.
Кон југ во планинските подрачја на Западна Македонија има облачност без грмежи и од неа има повремен претежно умерен дожд.
Малку нестабилност и ретки грмежи има сосема на југ на Пелагонија.
Во целина облачноста се преместува кон Повардарието.
05.09.2016 - 19:28
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа