Регулаторна со нова цена на горивата во Македонија

Регулаторната комисија за енергетика денеска на пладне треба да ја објави новата цена на нафтените дериват по која горивата ќе се тргуваат од вторник по полноќ.
Во изминатата недела цената на нафтата на светските берзи имаше значителни промени, за на крајот петочното тргување да го заврши на ниво од 44,5 долари за еден барел.

Пред две недели кога регулаторот ја определи цената, просечно, барел нафта чинеше 46,3 долари за барел, што значи дека петочната цена е за близу 2 долари поевтина од актуелната. Но кога ќе се извади просекот, за очекување е дека утре нема да има поголеми движења на цените.
Пред две недели регулаторот ги поскапи горивата за 2 денари по литар.

 
 
05.09.2016 - 09:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега