Анкета во Кина: Оние кои не се во брак до 30 години треба да бидат казнети!

Во текот на една анкета спроведена во Кина, еден постар Кинез разочаран од тоа што децата сега се покасно се земаат и на постари години имаат деца, изјави дека според него оние личности кои имаат 30 години, а сеуште не се во брак, треба да бидат казнувани!

- Зошто би било нелегално тоа што детето не ме посетува често? Тое што се постари од 30 години, а сеуште се под ист покрив со родителите и не помислуваат на брак, е тоа треба да е нелегално!, вели изреволтираниот старец од Кина.

Инаку, во Кина на почетокот на годинава се усвои закон со кој децата мора да си ги посетуваат почесто родителите и постарите лица.