Повеќе скопски населби утре без електрична енергија

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје ги известува граѓаните дека утре без снабдување со електрична енергија ќе останат неколку скопски населби.

Во период од осум до седумнаесет часот без струја ќе останат корисниците од селото Света Петка во Сопиште, додека во период од осум до десет часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од улицата  Јужноморавски Бригади број 47 , 49 и 51 во Гази Баба.

 

Од осум до петнаесет часот без струја ќе бидат дел од корисниците од  на улицата Рилски Конгрес од број 15 до број 30 , улицата Востаничка од број 1 до број 25и улицата Славејко Арсов од број 1 до број 21 во Центар.

Од 09:00 до 15:00 часот , корисниците од улицитеВелешка , Анте Хаџи Митков , Раде Јовчевски Корчагин, Охридска и Преспанска во Центар ќе бидат без струја.

Од 09:00 до 15:00 часот корисниците од дел од Никиштани во Ѓ.Петров ќе бидат без струја, а од 09:30 до 15:30 часот корисниците од Копаница во општина Сарај.

 

Потоа, од  09:00 до 15:30 часот, корисниците од улиците  Виетнамска и Гарсија Лорка во општина Шуто Оризари како и во период од 14:00 до 15:30 часот , корисниците од улицата Пеклјане во Ѓ.Петров ќе останат без напојување со електрична енергија.

 

 

Исто така, од 17:00 до 19:30 часот , корисниците од дел од улицата Воин Драшковиќ броеви 2 , 4 , 6 и 8 во Ѓорче ќе останат без струја.

ФОТО: Нетпрес