Хелло: „Албанци сакаа да не убијат и запалат“ - српска креторка го опишува хоророт кој го доживеала на Охридско езеро

 

Српската креаторка Верица Ракочевиќ и нејзиниот сопруг Вељко Кузманчевиќ за малку ќе настрадале во Македонија, додека на крајбрежјето на Охридско Езеро спиеле во камп-приколка со која патувале, пишува српски Хелло.

– Некаде околу еден часот по полноќ Вељко ме разбуди, ми стави рака на уста и ми кажа дека некои луѓе се покрај кампот. Се престрашив кога слушнав дека на албански ни пцујат српска мајка. Најстрашен дел од разговорот беше кога се договараа дали да го запалат возилото или да влезат да не убијат, раскажала креаторката за српските медиуми.

Таа исто така додала дека нејзиниот сопруг ползејќи дошол до воланот го вклучил возилото и побегнале, така што не застанале се додека не ја поминале грчката граница.

- Навистина сум горда на Вељко, кој беше толку присебен и ползејќи дојде до воланот, за секунда ја тргна завесата од шофершајбната и го стартуваше камперот. Не застанавме се додека не ја преминавме грчката граница. Македонците се прекрасни, топли и срдечни луѓе и ова нема врска со нив, заклучила Верица Ракочевиќ.

 

 
 
30.08.2016 - 11:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега