Никогаш не бев женкар: Вака Аркан објасни зашто ја одбра Цеца и ја остави сопругата Наталија

Наталија Мартиновиќ, сопругата на Жељко Ражнатовиќ Аркан, го напуштила кога дознала дека е во врска со тогаш младата естрадна ѕвезда Цеца.

Наталија си ги спакувала куферите и си заминала со четирите нивни деца. Сите главно ја обвинуваат Цеца што го растурила бракот на Аркан и Наталија. Сепак, и Аркан имал да каже нешто на таа тема.

- По 13 години брак со Наталија, јас се разведов. Мојата Маша се роди додека бев во хрватски затвор. Мојата жена и јас веќе три години не сме биле заедно. Имав три брака, но никогаш не сум бил женкар. Никакви љубовни афери сум немал. За 13 години, колку што бев со поранешната сопруга, ништо не се случило што ќе предизвика сомнеж кај неа. Тогаш се заљубив во Цеца. И го кажав тоа на жена ми. Всушност, тоа постепено се случување. Цеца беше упорна. Отворено ми зборуваше за својата љубов и јас полека ја прифаќав, откри Аркан во 1996 за српските медиуми.

 

 

Наталија никогаш не му простила и отишла да живее во Америка. Аркан секогаш се трудел добро да се грижи за сите четири деца кои ги имал со Наталија, а тоа се близнаците Никола и Војин, и ќерките Милена и Маша. Се развеле во 1994. година.

Потсетуваме како изгледаше свадбата на Цеца и Жељко:

 
 
30.08.2016 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега