Убиство и самоубиство: Ја фрлил жена му од осми спрат па скокнал по неа

31 годишен маж ја фрлил својата невенчана 43 годишна жена од осмиот спрат на зграда во Зајечар Србија, а потоа скокнал по неа и се самоубил.
Убиството и самоубиството се случило денеска во попладневните часови.


Како што јавуваат српските медиуми, на целиот настан му претходела караница по која 31 годишниот Милен Миленовиќ ја претепал 20 годишната ќерка на убиената Татјана Ранѓеловиќ која ја имала од првиот брак.
Соседите велат дека тие често се карале. Милан кој работел во студио за тетовирање пред 12 години поради невозвратена љубов се обидел да се самоубие скокајќи од зграда во центарот на Зајечар. Тогаш паднал врз паркиран автомобил и го преживеал падот.


Починатата Татјана била сопственичка на бутик за детска гардероба. Заедно имале дете од 1 година.

 

 

 
 
29.08.2016 - 22:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега