ФОТО+ВИДЕО: Силно невреме во Словенија - поплави и блокирани патишта

Олујно невреме, понекаде проследено со град, ги зафати во понеделник попладне северните и североисточните делови на Словенија, а во текот на ноќта ќе се прошири и на останатите делови на земјата.

 

Државната управа за заштита и спасување јавува за поплави, одрони на земја и оштетени локални патишта на подрачјето на Словењградец и Шентиљ, додека во Марибор биле поплавени некои подвозници и паѓал град.

Надлежните служби најавуваат во текот на ноќта силни локални бури со дожд и удари на ветер, а во некои делови и град.

Возачите се предупредени во случај на пороен дожд или град, да не запираат под мостовите или во тунелите, бидејќи таму најчесто доаѓа до налети на автомобили и несреќи.

 

 
 
29.08.2016 - 20:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега