Слободен Печат: Пирани искасапиле рибар во Дојранското Езеро

Повеќе рибари кои ловат во Дојранското Езеро велат дека биле каснати од непозната риба, за која се уверени дека е озлогласената пирана, опасна риба која живее во јужноамериканските реки, пишува Слободен Печат, пренесеува Плусинфо.

Рибарите се во паника, а според нив на еден нивен колега дури и му бил откинат прстот. За друг пак, тврдат дека бил каснат од пирана на раката, кога сакал да ја отплетка невообичаената риба од рибарската мрежа.

Според изгледот и силината на забите, велат рибарите, најверојатно станува збор за пирана. Рибарите меѓу себе споделуваат фотографија од примерок кој наводно е уловен во Дојранското Езеро. 

 
 
28.08.2016 - 22:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега