Погребан двегодишниот Лазар - мајката завиена во црно

Роднини, соседи и пријатели вчера во Петковци кај Зворник присуствуваа на погребот на дваесетмесечниот Лазар Ребиќ, кој пред неколку дена беше подмолно убиен во Долна Каменица, од страна на 34-годишната Ф.Д., која била во вонбрачна заедница со вујкото на момчето. 

Во Зворник била и мајката на момчето, Роса, која ги оставила Лазар и неговиот деветмесечен брат Марко со таткото Срѓан и без образложение заминала да талка по Зворник и околината.

-Ми се јави и ме праша дали може да дојде на погребот. Во првиот момент не се согласив, но на крајот ѝ дозволив, вели таткото на несреќниот Лазар, кој бил убиен и ставен во ќеса од страна на вујкото, па закопан за да не се дознае за делото.

Мајката не кажала ниту збор на погребот, само го бакнувала ковчегот на невиното дете.

Аваз.ба стапил во контакт со вујкото на децата, кој се плаши да својата безбедност и не го напушта домот. Тој и неговата невенчана сопруга се алкохоличари, но и покрај тоа социјалните служби дозволиле тие да се грижат за децата, кои мислеле дека за тоа ќе добијат парична награда

 

 
 
28.08.2016 - 13:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега