Скокнал од Мостот на поезијата пливал неколку метри и се удавил - еве како загинало момчето во Струга
Како што веќе објавивме, утрово во водите на реката Црн Дрим во Струга се удави 23-годишно момче од кичевското село Пласница.
Според најновите информации од портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, момчето родено 1990 година околу 11 часот скокнало од Мостот на поезијата, пливало неколку метри, а потоа било забележано како дава знаци на давење и барало помош. Неколку лица кои биле во близина се обиделе да му помогнат, но безуспешно.
Полицијата извршила увид на местото и телото е предадено во капела.