Ќерката на Велија Рамковски излезе од затвор

 
Ќерката на Велија Рамковски, Емел денеска  излезе од затвор откако ја одлежа шестгодишната казна. Оваа вест на социјалните мрежи ја сподели Сафер Цановски, зетот на Велија. 
 
Емел беше осудена на шестгодишна затворска казна за случајот „Пајажина“, а нејзиниот татко Велија Рамковски доби три години за злосторничко здружување, за перење пари шест, за данчно затајување пет и за злоупотреба на службената положба една година затворска казна. За сите дела му беше одредена казна од 15 години, но судот му одреди единствена казна од 13 години. 
 
 
 

 

 
 
26.08.2016 - 23:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега