Драмскиот театар ќе добие нов објект висок 35 метри

Денеска Министерството за култура го презентираше проектот за изградба на нов објект на местото на сегашниот Драмски театар, по пат на јавно приватно партнерство.

Покрај овој проект, најави министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска, ќе биде изработен и проект за изградба на нов Македонски народен театар.

-Согласно реализацијата на овие проекти по пат на јавно приватно партнерство, делот во кој ќе бидат сместени театрите ќе биде во сопственост на државата, додека останатиот дел од објектите ќе биде даден на користење или, пак, сопственост на приватниот партнер, кој ќе се вклучи во реализација на проектите, рече денеска Канческа-Милевска.

Идејното решение и деталниот урбанистички план предвидуваат Драмскиот театар да биде висок 35 метри, а  неговата вкупна нето-површина ќе изнесува 33.543 метри квадратни.

СПоред Канческа - Милевска, проектот е веќе готов, за за околу 70 дена се очекува да биде готова и физибилити студија која ќе ја даде оправданоста и начинот на реализација на проектот.

ФОТО: Плусинфо

најчитано сега