Миле Терзиовски: Политичката криза ја уништува најдобрата бизнис клима во Европа

Проф. д-р. Миле Терзиовски е декан на „Куртин бизнис школата“ во Перт, Австралија, по потекло Македонец, кој е еден од иницијаторите на иницијативата „Македонија2025“. Беше предавач на Летната школа за млади лидери во организација на Претседателот Ѓорге Иванов.

Во интервју за Прес24, професорот Терзиовски вели дека е позитивно изненаден од капацитетот на младите генерации што гои препознал кај учениците на школата на Иванов, затоа смета дека на Македонија и е потребна национална стратегија за спречување на одливот на „мозоци“ од државата во странство.

- Македонија мора да ја развие својата туристичка и земјоделска индустрија. Македонија мора да продолжи со промотивните кампањи за да привлече повеќе туристи, инвеститори и студенти кои би студирале во Македонија поради пониските цени за живеење. Најголемиот проблем со кој се соочува Македонија е рапидниот егзодус на млади професионалци кои мигрираат во развиени економски земји како Германија и Скандинавските земји. На пример, Австрија не би можела да развие 20 годишен економски раст без миграциска политика која е поддржана од големите политички партии. Македонија мора да донесе миграциска политика за да го ребалансира таканаречениот излив на мозоци, вели во интервјуто за Прес24, професорот Терзиовски.

Според него државата ја има една од најдобрите бизнис клими во Европа, но политичката криза исклучително лошо влијае на инвеститорите.

-Бизнис климата во Македонија е една од најдобрите во Европа за што постојат многу интернационални признанија. Инвестициските слободни зони  и ниските плати предизвикаа значаен интерес кај странските инвеститори. Секако, политичката нестабилност не им помага на инвеститорите во носењето на одликата да инвестираат во Македонија. Политичката криза очигледно и наштетува на бизнис климата во Македонија. Да се надеваме дека ќе видиме брзо разрешување на политичките проблеми во земјата, вели професорот Миле Терзиоски во интервјуто за Прес24.

ПРЕС24: Вие сте дел од тимот предавачи на седмата школа за млади лидери под покровителство на Претседателот Ѓорге Иванов. Какви се вашите импресии од оваа школа и дали во општество како Македонија можат да се изградат лидери?

ТЕРЗИОВСКИ: Прво би сакал да ја изразам мојата благодарност до Претседателот на Република Македонија затоа што ме покани да учествувам на Меѓународната Школа на Млади Лидери.  Како професор по Иновации и Декан на Куртин Факултетот за Бизнис, роден во Македонија, можам да кажам дека школата за млади лидери ми остави силен впечаток. Калибарот на интернационални лидери кои ги поканил претседателот Иванов покажуваат голема интер-дисциплинарност на школата.  Длабокото знаење и искуството на сите професори во последните две недели на школата донесе уникатно искуство кое не е достапно во никое училиште за бизнис. Разговарав со неколкумина дипломирани студенти од претходните години кои ми ги споделија импресиите, оние кои до сега учествувале за само две недели интензивна програма успеале да изградат мрежа која се уште функционира. Ова им помага на учесниците да се потпрат на искуствата и експертизата на нивните соученици. Верувам дека ригорозната селекција овозможи учесници со највисок квалитет да учествуваат во оваа програма.

Моите впечатоци од двете предавања кои ги имав се многу позитивни. Најимпресиониран сум од нивото на говорење на Англиски Јазик кое го имаат студентите и нивниот ентузијазам да учат и дискутираат на важни прашања за иновациите и претприемништвото. На второто предавања студентите пристапија со ентузијазам и учеа за стадиумите од нивните кариери во иднина, се подготвувавме а тие ги споделија и нивните цели и аспирации да станат лидери. Судејќи по калибарот на студентите, верувам дека од учесниците на оваа школа може да се развијат многу идни лидери. Следниот чекор за дипломираните студенти на оваа школа е да учествуваат во Образовната стипендиска програма на Македонија 2025, која нуди стипендии за постдипломски студии на престижните бизнис школи во САД и Канада, како што е Ајви Школата за Бизнис.

ПРЕС24: Вие сте дел од иницијативата Македонија 2025. Дали таа иницијатива ќе ја постигне крајната цел?

ТЕРЗИОВСКИ: Верувам дека визијата и мисијата на Македонија 2025 се проширува кон создавање на шанси за организациите да ги селектираат најдобрите и најпаметните млади лидери за да студираат на некое од најдобрите училишта за бизнис во САД и Канада. Тука лежи иднината за Македонија.  Лидерите мора да стекнат искуство со западниот начин на размислување и вредностите за така да се зајакне бизнис и политичката клима во Македонија. Македонија 2025 стана “овозможувач“ кога се говори за странски директни инвестиции во Македонија, ние делуваме како мост помеѓу македонската влада и потенцијалните инвеститори. Се работи за еволутивен процес и ќе треба да помине време за да се видат видливи резултати. 

ПРЕС24: Изминативе десетина години Македонија интензивно вложува напори во развој на бизнисот и привлекување странски инвестиции. Беа направени серија законски олеснувања за развој на бизнисот. Како ја оценувате бизнис климата во Македонија?

ТЕРЗИОВСКИ: Бизнис климата во Македонија е една од најдобрите во Европа за што постојат многу интернационални признанија. Инвестициските слободни зони  и ниските плати предизвикаа значаен интерес кај странските инвеститори. Секако, политичката нестабилност не им помага на инвеститорите во носењето на одликата да инвестираат во Македонија. Политичката криза очигледно и наштетува на бизнис климата во Македонија. Да се надеваме дека ќе видиме брзо разрешување на политичките проблеми во земјата. 

ПРЕС24: Во кој правец треба да се развива македонската економија, дали е тоа правец на развој на сопствени индустриски капацитети пред се во земјоделието, или пак привлекувањето на странски инвеститори?

ТЕРЗИОВСКИ: Во сите горе наведени. Македонија мора да ја развие својата туристичка и земјоделска индустрија. Македонија мора да продолжи со промотивните кампањи за да привлече повеќе туристи, инвеститори и студенти кои би студирале во Македонија поради пониските цени за живеење. Најголемиот проблем со кој се соочува Македонија е рапидниот егзодус на млади професионалци кои мигрираат во развиени економски земји како Германија и Скандинавските земји. На пример, Австрија не би можела да развие 20 годишен економски раст без миграциска политика која е поддржана од големите политички партии. Македонија мора да донесе миграциска политика за да го ребалансира таканаречениот излив на мозоци.

ПРЕС24: Честопати за развој на една економија како што е Македонија, мала држава со поприлично голема дијаспора е од исклучително значење токму врската на матичната држава со иселениците. Македонија некако не успеа овие 26 години независност да изгради некоја цврста конекција за привлекување на иселениците како инвеститори. Во што е проблемот, во државата или во неорганизираноста на дијаспората?

ТЕРЗИОВСКИ: Не верувам дека политиката за дијаспората која беше следена од различни влади во последните 26 години работеше ефикасно како што поранешната “Матица“ во минатото. Македонските политичари беа преокупирани со внатрешно-политичките проблеми што ги спречуваше да го искористат големиот капаците кој постои во дијаспората. Мислам дека треба да биде формирано Министерство за дијаспора затоа што Агенцијата која постои е со многу лимитирани ресурси. 

ПРЕС24: Што мислите Вие за македонската дијаспора, за нејзината поделеност, нејзината неорганизираност?

ТЕРЗИОВСКИ: Поделбите кои постојат во македонската дијаспора, особено во Австралија не е нешто ново, и не е пример само за Македонците. Сме виделе слични поделби и кај Грчките и Српските заедници. Сепак, тоа не е изговор за поделбите да продолжат. Верувам дека најголемиот предизвик македонската дијаспора е да си го постави прашањето: Каде ќе биде дијаспората во наредните 20-30 години? Се поставува и прашањето дали ние како држава, црква и дијаспора правиме доволно за да го задржиме нашето културно наследство во дијаспората? Треба да ги задржиме младите кои избегнуваат да одат во црква поради проблемите со нефлексибилните обилаи кои се некомпатибилни со модерниот начин на живеење и вредностите на Синодот на МПЦ.

ПРЕС24: Може ли дијаспората да биде некој вид моторна сила за економскиот развој на државата?

 

ТЕРЗИОВСКИ: Верувам дека дијаспората ќе продолжи да придонесува во туристичкиот профит на земјата, особено за оние кои доаѓаат од “Бејби Бум“ генерацијата кои треба да се враќаат во Македонија и своите високи пензии да ги трошат во државата. Мислам дека во следните неколку години ќе има бум во изградба на нови домови затоа што оваа генерација ќе инвестира во имоти, најмногу во Охрид. Македонската дијаспора треба да биде сигурна дека има стабилна и силна влада, со силен правен систем. Ова сигурно ќе влијае на нивното на убеденост и ќе ја зголеми желбата за инвестиции во Македонија. Намалувањето на популацијата загрижува и мора да се најде итно решение.

 
 
26.08.2016 - 11:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега