Генерал Ѓурчиновски: Здружената оперативна команда- пожртвувана во одбрана на граѓаните и Македонија

Согласно Уставот и законот за одбрана, мисијата на здружената оперативна команда е одбрана на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија како основен столб на одбранбениот сектор, вели нејзиниот Командант, генерал мајор Васко Ѓурчиновски во интервју за ТВ Нова.

Нивна мисија е и поддршка на силите на МВР во справување со сите видови на закани по територијалниот интегритет и суверенитет на Македонија, како и ангажман на нивните состави во раководење на мисии на Обединетите Нации, ЕУ, ОБСЕ и НАТО и поддршка на сите институции во земјава за справување со сите видови на закани, кризи, катастрофи.

Единиците и припадниците на здружената оперативна команда помагаа на терен изминатиов период справувајќи се со последиците од поплавите, а се справуваше и со напливот на мигранти.

-Нашата команда и единиците во континуитет извршуваат операции, како во земјата така и во странство. Од кога ја презедов оваа должност минатата година, нашата единица континуирано од почетокот до денес се ангажира во справување со мигрантската криза во поддршка на силите на МВР. Тоа е задача и операција која ќе продолжиме да ја реализираме во континуитет. Од друга страна, скорешното ангажирање на нашите припадници во поддршката на институциите во справувањето со поплавите исто беше една од задачите со кои се справувавме. Сакам да истакнал голема благодарност и горд сум на сите војници и старешини и цивилни лица кои минатиот период во континуитет, пожртвувано, максимално помагаат и ќе продолжат да помагаат во интерес на сите граѓани на Република Македонија. Уште самата вечер кога се случи катастрофата во скопскиот регион, ние упативме единици, генералштабот употреби специјални единици и веднаш во текот на ноќта го активиравме нашиот кризен менаџмент во справувањето со ваков тип на ангажирање.  Веднаш наредниот ден ангажиравме од 500 до 700 луѓе…вели тој за ТВ НОВА.

Целото интервју со него погледнете го во продолжение

 
 
25.08.2016 - 17:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега