Милениумскиот крст го издржа невремето - повеќе од 100 молњи удриле во него

Милениумскиот крст прифатил над 100 громови во текот на невремето. Громобранската заштита на крстот е дизајнирана така што може да прими од 2 до 3.000 удари од гром, истакнуваат од ЈСП Скопје, кои стопанисуваат со Милениумскиот крст.

Громобраните на крстот од удари на гром го штитат и просторот околу него во радиус од стотина метри, па посетителите не мора да се грижат ако застанат покрај крстот на врвот на Водно, на висина од 1.165 метри кога ќе фати невреме.

Крстот на Водно е висок 78 метри, и се смета за еден од најголемите во светот. Од кога е изграден, на преминот меѓу двата милениуми, стана незаобиколна туристичка дестинација како за Македонците, така и за странските туристи кои доаѓаат во македонската престолнина.

До него може да се стигне со Жичарницата долга 3 километри, или пешки по планинските патеки. Може и со автомобил, но таа привилегија ја имаат само странски делегации и високи црковни лица во текот на верските празници, кога посетата на Крстот е најмасовна.

 
 
25.08.2016 - 17:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега