Отворен за сообраќај новиот пат до манастирот Свети Јоаким Осоговски

 Финишираа активностите за поставување заштитна еластична ограда на новиот патен правец до манастирскито комплекс Свети Јоаким Оосоговски во Крива Паланка, со што патот ќе биде отворен за сообраќај за време на претстојниот празничен викенд.
 
- Реализирани се завршните активности  за изградба на локалниот патен правец Крива Паланка–манастир Свети Јоаким ОсоговскиВаровиште. По изградбата на патот која заврши неодамна, беше утврдено дека од безбедносни причини неопходно е да се постави заштитна еластична ограда. Оградата беше финална активност, а патот ќе може да се користи за сообраќање во празничните денови, додека официјалното пуштање во употреба дополнително ќе биде извршено, инфорира градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.
 
Станува збор за комплетно нов патен правец во должина од 2.163  метри и ширина од 4 метриИзградбата на патот се реализираше со средства во висина од 17.6 милиони денари од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, додека дополнителни триста метри финансираше општината од сопствениот буџет.
 
По овој пат сообраќаат  жителите на градот и околните села, Долно и Горно Варовиште и село Б`з, а ќе биде добредојден за сите туристи кои во огромен број го посетуваат манастирот и туристичкиот локалитет Калин Камен.
 
Со финансии од Североисточниот плански регион на најголемата угорнина од патот, на самиот свиок,  поставен е трем каде минувачите ќе можат да одморат и да уживаат во прекрасниот пејзаж и панорама на градот. Од општински буџет ќе се издвојат и средства за поставување маси и клупи.
 
Во реонот на Крива Паланка се поставени 5 вакви тремови.
Алексовски ги повика сите кои имат можност да го посетат градот деновиве, кога ќе можат да проследат богата програма настани во рамки на манифестацијата „Топол културне бран  2016“.
 
- Од вечерва до 27 август на програмата е Меѓународниот фолклорен фестивал „Свети Јоаким Оосоговски“, а в сабота од 22 часот изложбата фотографии од изминатите пет години на одржување на „ Џојфест“. Ова е претпразничната понуда во градот која продолжува на празниците Успение на Пресвета Богородица и чествувањето на свети Јоаким Осооговски, патрон-светецот, закрилник на Крива Паланка кога очекуваме илјадници туристи од земјава и странство да дојдат и да уживаат во преубавиот манастирски комплекс и духовната хармонија на храмот, како и во прекрасната природа на Осоговието, додаде Алексовски.
 
 
25.08.2016 - 16:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега