Почна асфалтирањето на улици во две штипски села

Општина Штип почна со асфалтирање на улиците во селата Драгоево и Селце. Александар Југод директор на ЛЕР-ИТ при Општина Штип информира дека од денеска градежните машини почнаа со асфалтирање на улиците во село Драгоево во должина од еден километар и 200 метри.

- Во село Драгоево ќе се асфалтираат речиси сите улици, а вкупната инвестиција за изградба на овие улици е од три милиони денари. Оваа инвестиција во селото Дргаоево, но и во селото Селце е од буџетот на Општина Штип, вели Југов.

Во селото Селце тампонот на улиците е поставен и се очекува деновиве и таму да биде поставен асфалт во должина од еден километар и 500 метри, а проектот чини околу три милиони денари.

Во текот на вчерашниот ден заврши асфалтирањето на улицата Мара Минанева во населбата „Баби“, кој според бројот на жителите е една од поголемите населби во Штип. По 20 години оваа улица повторно се реконструира, а општината инвестираше 10.000 евра. Градежната механизација утре продолжува со реконструкција на дел од улицата „Вита Поп Јорданова“.

 
 
25.08.2016 - 15:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега