Се затвораат училиштата Јахја Кемал во Македонија?

Владата на последната седница усвоила мерки за ограничување на активностите на Фетулах Ѓулен и неговите приврзаници во земјава. Според неофицијални информации, тоа опфаќа затворање на невладини и образовни институции за кои биле побарани мерки од Анкара. Информациите веќе дошле до родителите на учениците во училиштатат Јахја Кемал. Во голем број тие попладнево се собрани пред објектите на оваа образовна институција во очекување на одговори.

Од владата нема официјална потврда. Министерот за надворешни работи Никола Попоски за време на прес-конференцијата со неговиот грчки колега Никос Коѕиас, на новинарско прашање потврди дека мерки има, но не прецизираше какви. - „Донесени се мерки согласно македонските закони. Ние имаме соработка со демократски избраните власти во Анкара“, рече Попоски.

Од Јахја Кемал за Пресс24 велат дека таквата одлука до нив не е стигната. Велат дека од 1 септември започнува учебната година за нивните ученици и дека се една од најреномираните образовни институции во Македонија.

 

 
 
25.08.2016 - 14:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега