Британска фирма го купува Скопје Сити Мол
Британската компанија „Хајстед лимитед“ ја купува македонската компанија „Балфин МК“ во чија сопственост е најсовремениот трговскиот центар во Македонија „Скопје сити мол“, јавува еМагазин, повикувајќи се на свои информации.
Според порталот, британската компанија која се занимава со инвестирање во недвижности ќе го преземе трговскиот центар по пат на стекнување на удел во „Балфин МК“, компанијата која стои зад изградбата на „Скопје сити мол“, проект вреден 70 милиони евра.
Станува збор за компанија која е основана од најголемата групација за малопродажба на текстилни производи во Македонија „Fashion Group“ и водечкото регионално друштво за малопродажба и градежништво со седиште во Албанија – „Балфин Групацијата“, која пак е доминантен сопственик на друштвото за трговија на мало со електрични апарати „Еуро Медиа“ – пишува Магазин.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа