Со „Шевролет Авео“ се забил во „Застава“ - кривична за несовесен возач од Македонска Каменица

42 годишниот П.Х. од селото Саса - Македонска Каменица, си заработил кривична пријава за „загрозување на безбедноста во сообраќајот“ , откако на 11. мај годинава, на локалниот пат од маало Нивици кон селото Саса, со својот „Шевролет Авео“ удрил во автомобил „Застава“. Во несреќата била повредена сопатничка од „Заставата“

Според полицијата, несреќата се случила кога П.Х. со „Шевролетот“ поминал на спротивната страна од коловозот и удрил „Заставата“.

најчитано сега