Сто воени злосторници од целиот свет живеат во Велика Британија

 

Британскиот Хоум Офис идентификува близу сто лица осомничени за воени злосторства, кои аплицирале за азил или за жителство во Велика Британија, а се работи за  луѓе по потекло од Авганистан, Иран, Ирак, Либија, Руанда, Србија и Шри Ланка и мнозинството од нив, повеќе години живеат и работат во Велика Британија.

Хоум Офисот утврдил дека меѓу луѓето кои бараат азил или сакаат трајно да се населат во Велика Британија има дури 800 за кои постојат индиции дека извршиле злосотрства, но засега успеале да потврдат само 99 осомничени. Полицијата потврди дека за 56 лица се води формална истрага за воените злосотрства за кои се осомничени.

Поранешни жртви на воените злосторства, меѓутоа, се незадоволни од односот на британските власти кон воените злсоторници. Според мислењето на дел од жртвите, кои исто така живеат во Велика Британија, по сите злосторства што ги имаат направено во своите држави, властите во земјата им овозможуваат на овие луѓе да живеат на британска територија „посреќни од кога било“. 

 

најчитано сега