ТРАГЕДИЈА: Пијаниот син излетал од патот, неговиот татко загина на лице место

Во тешка сообраќајна несреќа која се случи на регионалниот пат Ваљево - Косјериќ, во селото Дегуриќ, едно лице загина, додека возачот, кој бил во алкохолизирана состојба, како и неговата ќерка која била во автомобилот, биле неповредени.

Како што дознава телеграф.рс, несреќата се случила вчера вечер околу 19 часот, кога 54 годишниот М.П. од селото Равње во Ваљево, кој се движел према Ваљево, ја изгубил контролата на автомобилот и излетал од патот. На лице место загинал неговиот татко, 74 годишниот М.П., кој седел на совозачкото седиште, додека возачот и неговата 22 годишна ќерка останале неповредени.

Кај возачот полицијата открила 1,9 промили алкохол во крвта. М.П. е уапсен и денеска предаден на Вишото обвинителство во Ваљево.

 
 
19.08.2016 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега