ДРАМА ВО МАНАСТИРОТ ОСТРОГ: Човек почина среде литургија

Рускиот државјанин Јуриј Николајевиќ Камнев од Москва (59), присуствуваше на литургија која ја служеше митрополит црногорско приморски Амфилохије, пред манастирот Острог, каде изненадно паднал пред да дојде редот за да се поклони на Свети Василиј Острошки.

Несреќниот човек почина, а владиката Амфилохије веднаш на лице место одржа мал помен и кратка беседа.

-         

Бог да му ја прости душата и да му го подари целото царство небесно. Ова е прв случај некој вака да почине во манастирот. Тоа е знак на Божјиот Јури. Господ го прими тука за да се прости од сите гревови на саканите и несаканите и да го успокои со Аврам, Исак, Јаков и Свети Василиј Острошки, кој на чуден начин го повика на ова место и од тука да тргне во царството небесно, зборуваше потресен Амфилохије.

Него и сите луѓе кои присуствуваа таму ги вистински ги потресе овој призор, на местото веднаш била повикана полиција и брза помош, меѓутоа се што можеле да направат е да констатираат смрт.

 

 

 

 

 
 
19.08.2016 - 10:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега