Силно невреме во Србија: Голема поплава, се излеа канализацијата

Страшно невреме го погоди денеска Крупањ и го поплави местото.

 Обилните врнежи доведоа до излевање на канализацијата, која е пуштена во работа пред помалку од половина година.

Оваа општина беше и меѓу најпогодените во текот на мајските поплави во 2014 година.

Тогаш водата ги однесе куќите, автомобилите, а активираше и свлечишта и многу луѓе останаа без покрив над главата.

Во таа прилика беше оштетена и канализацијата која дури пред неколку месеци беше пуштена во употреба, а поради денешните поплави, повторно дојде до излевање.

 
 
18.08.2016 - 21:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега