Издавал лажни дипломи за 1.500, полицијата го уапси

56 годишниот Р.С. , државјанин на Босна и Херцеговина, од Сараево, со место на живеење во Херцег Нови, е уапсен денеска, под сомнение дека на две лица им продал лажни дипломи за завршено средно училиште, а за возврат земал од нив 2.650 евра.

Црногорското МВР соопшти дека после спроведените оперативно тактички мерки и работи, денеска е уапсен Р.С. од Сараево, кој на терет му се става дека фалсификувал исправи, пренесува агенцијата Хина.

Има сомнеж дека уапсениот во 2013 година на Н.А. и В.З. од Херцег Нови им продал лажни школски дипломи за завршено средно училиште, кои наводно се издадени од две средни стручни училишта во Сараево.

За овие незаконски работи Р.С. , наплатил 1.500 евра на Н.А. и 1.150 на И.В.

 

 
 
18.08.2016 - 20:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега