Познатиот фудбалер 30 дена во притвор

 

Основиот суд во Белград му одреди 30 дена притвор на поранешниот фудбалер на Црвена Ѕвезда, 34 годишниот Никола Мијаиловиќ, поради сомнение дека нелегално градел аква парк на Ада Циганлија.

Притворот е одреден поради можност од бегство, сокривање или уништување докази и поради можно повторување на кривичното дело, изјави портпаролката на судот, Милица Љубичиќ

Претходно обвинител предложи притвор за Мијаиловиќ, кој се терети за градење без градежна дозвола.

 
 
18.08.2016 - 18:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега