Манда може да почива во мир: Неговиот кум му го реши најголемиот проблем

Сознанијата за проблемите кои веќе починатиот актер Драган Мандиќ – Манда и неговото семејство ги имале, предизвикаа револт и горчина кај целата балканска јавност, но одговорноста да му помогне на својот кум и близок пријател најмногу ја преземал актерот Драган Бјелогрлиќ.

Токму тој го покрил кредитот од околу 86 илјади евра со чија исплата се мачел Манда и неговата фамилија, пишува српски Телеграф.

– Бјелогрлиќ докажа дека е вистински кум и пријател. Од моментот кога Манда почина, преку погребите и се што следеште по тоа, тој покажа дека е голем човек. Без никаква помпа, без да сака да привлече винимание, им тргна голема грижа на семејството кое се уште не може да најде утеха по смртта на нивниот најблизок, раскажал извор близок до Бјелогрлиќ.

Соговорниот открил дека на негово инсистирање проблемот да се реши, пријателите се здружиле, но сепак тој бил најзаслужен за исплаќањето на долгот.

Манда беше еден од 22 000 граѓани кој мака мачат заради кредит подигнат во швајцарски франци, а главницата на неговиот долг, од почетните 79 000 евра, пораснала на 86, а со тоа значително пораснала и ратата.

 
 
18.08.2016 - 10:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега