Груевски: Трајановски е човек од народот - барањето за оставка е доказ за деструктивноста на СДСМ
Скопје има градоначалник којшто е човек од народот. Неговите претходници беа надмени, арогантни личности умислени сами во себе дека се некои големи величини и оддалечени од народот.
Ова го истакна лидерот на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, при гостувањето во вестите на Сител телевизија.
-За првпат Коце Трајановски покажа како треба да се соработува со народот, како треба да се биде на терен со народот, како да се сочувствува со неговите проблеми и на секаков начин да се помага. И како градоначалник, со средства, со сите расположливи капацитети на комуналните претпријатија и директно со присуство од најмалку 15 часа на терен дење и ноќе. Барањето за оставка на Коце Трајановски и најавата за скорешни протести од оние луѓе од таканаречената Шарена револуција само покажува дека СДСМ и во оваа ситуација максимално деструктивно се однесува. Освен одењето на терен само за сликање, земањето на лопата додека трае снимањето и така натаму, се останато е барање на начин како да се добијат политички поени и да се води негативна кампања која продолжува од она што беше претходно. Тие водат крајно негативна и манипулативна кампања. Сега повторно го прават тоа и веројатно ќе биде така до изборите. Не очекувам драстична промена во однесувањето на СДСМ, тие од изборите 2014 до сега и веројатно во иднина ќе продолжи со негативна и манипулативна кампања со искривени информации, полуинформации, едитирани работи и така натаму. Лидерот на таа партија е човек кој по кажа дека 99% од неговото делување е во деструкција и манипулации, лаги и интриги, рече Груевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа