Делегација на УМС го посети местото каде што се погубени 5-те струмички студенти

Членовите на ВМРО-ДПМНЕ ОК Струмица во предвечерието на денот кога се убиени 5-те Струмички студенти Белев, Пецев, Топчев, Јарамов и Костуранов го посети местото каде што според сведоштва, биле погубени. На споменикот подигнат високо горе на Беласица, делегација постави свежо цвеќе и запали свеќи.

,,Поклон пред спомен обележјето на местото на погибјето на петте струмички студенти. Пет пламени млади души за самостојна Македонија. Пет неизгасливи огнови на Струмица и пет изгори за мајчиното срце. Пет светлини за младите кои ја љубат татковината. Пет свеќи жртвени на Бога за покој и вечна Ви памјат.” – стои во објавата на фејсбук профилот на Унијата на Млади Сили О.К. Струмица.

 
 
13.08.2016 - 15:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега