Градоначалникот Трајковски деноноќно меѓу поплавените граѓани

Активностите за расчистување на поплавените подрачја секојдневно течат со забрзано темпо, информираат од општина Гази Баба.

На работните состаноци кои се одржуваат секој ден, се прави координација на работните задачи и веднаш потоа се делува на терен.

akcija_01

Градоначалникот Тони Трајковски од раните утрински часови до доцна навечер е на терен на поплавените локации и ги координира активностите.

akcija_02

Тој денес беше на поплавените локации во: Економија, Виниче, Смилковци, Страчинци, Црешево, Инџиково каде вршеше увид во работите кои се одвиваат за расчистување на патиштата и домовите, ги координираше тимовите за чистење и работеше заедно со вредните доброволци со цел да се помогне на оштетените граѓани.

 
 
12.08.2016 - 17:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега