Тепачка во Прилеп во расправија околу давање помош за настраданите од поплавите

 Денеска во 10 часот М.Г. од Прилеп пријавил дека вчера околу 12 часот на улицата „Томас Минцер” бил физички нападнат од страна на лицето Х.С. при тоа истиот најпрвин го влечел  за маицата, а потоа го удрил со тупаница во пределот на лицето од левата страна, но од физичкиот напад не се здобил со видливи повреди.

Како што соопштија од МВР до физичкиот напад дошло поради недоразбирање и вербална расправија околу давањето помош на локалното население зафатено од поплавите.

На лицето Х.С издаден му е записник за констатиран прекршок. 

 
 
10.08.2016 - 16:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега