Петнаесет години од загинувањето на бранителите кај Љуботенски бачила

Денеска се одбележуваат 15 години од загинувањето на осуммината припадници на резервниот состав на Армијата на Република Македонија кај месноста Љуботенски бачила. По тој повод владина делегација ќе положи цвеќе пред спомен-плочата на загинатите во касарната „Илинден“ во Скопје и пред спомен - обележјата во село Љубанци.

На 10 август 2001 година, воено товарно возило на АРМ на патот кај месноста Љуботенски бачила нагази на две противтенсковски мини. Животот го загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски, сите припадници на резервниот состав на АРМ од гарнизонот Скопје.

 
 
10.08.2016 - 09:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега