Дома велеле си играме а скришно помагале на поплавените - тинејџери од Маџари се херои!

 

Лажеле дома дека си играат во училишниот двор, а растоварале помош за погодените од поплавите. МРТ пренесува приказна за хуманост на тројца тинејџери од Маџари на кои треба да им симнеме капа.

На родителите им кажувале дека одат да играат во училишниот двор, а тие цел ден растовараат хуманитарна помош. Малите и неуморни херои Виктор, Матеј и Марко од утро до вечер им помагаат на своите сограѓани во пунктот на Црвениот крст. Жалат што нивните другарчиња одат голи и боси, а некои ги изгубија своите најблиски и домови. Децата од Маџари веќе втор ден се во мисија. Навозрасниот меѓу нив има 14 години, а најмалиот 10.

„Донирав чевли, храна, паковка вода, и едни мои пижами, за некое дете што е поплавено…“

„Донесов маички, облека за бебињата, количка, навлаки и мене ми беше жал бидејќи другарчињата мои се поплавени, изгубиле некои работи и дојдов тука да помогнам, растоваравме…“

„Многу ми падна жал бидејќи многу луѓе ги изгубија куќите. Работиме цел ден, носиме, истовараме“, велат малите херои.

 
 
10.08.2016 - 08:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега