ФОТО: Малиот Ведран се борел три часа со водата пред да го спаси татко му

Малиот Ведран Велиновски од Крива Паланка е детето кое многумина денеска го прогласија за херој, откако беше објавено дека цели три часа се борел со студената вода и калта пред да го спаси неговиот татко.

Тој со своите родители и помалиот брат се враќале од годишен одмор кога страшното невреме ги затекнало кај обиколницата во Скопје. За жал, во големата трагедија во саботата животите ги загубија неговата мајка Марина Велиновска и неговиот помал брат, шестгодишниот Јован.

Таткото, кој е професионален пожарникар, и храбриот Ведран по неколкучасовна борба со водената стихија успеале да ја избегнат кобната судбина.

 
 
09.08.2016 - 14:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега