САД изразија сочуство за жртвите од поплавите во Македонија

Соединетите Американски Држави изразија сочувство до Република Македонија за загинатите во поплавите што зафатија делови од земјата. 

- САД изразуваат сочуство до сите оние во Македонија кои се погодени од неодамнешните поплави. Граѓаните на Македонија се во нашите мисли и молитви додека земјата ги оплакува жртвите, повредените добиваат соодветна медицинска нега, а граѓаните се справуваат со загубите и нанесената штета, рече Елизабет Трудо, директор на Канцеларијата за односи со јавноста на Стејт департментот за време на редовниот брифинг во Вашингтон.

 
 
09.08.2016 - 14:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега