Момче сееше страв во автобус на патот Велес-Скопје - интервенирале Алфите

Вистинска драма се одвивала вчера околу 03 часот на автопатот Велес-Скопје во селото Ржаничино, во автобус „Неоплан“ со српска национална ознака, сопственост на „Аргус Турс“-Белград. Додека автобусот се движел 21-годишниот М.Б. од Србија без повод и причина физички го нападнал 40-годишниот  Ѓ.Г. исто така од Србија, водич на туристичка група, при што му нанел видливи повреди во пределот на  лицето.

Насилникот со возило на Итна медицинска помош и со асистенција на АЛФА единицата бил пренесен и задржан во Ургентен центар „Мајка Тереза“ Скопје за укажување на лекарска помош, бидејќи бил агресивен и психички растроен.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 
 
09.08.2016 - 13:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега