Сообраќајот на Обиколница сеуште блокиран

Сообраќајот по скопската обиколница од клучката Хиподром до клучката Сарај се уште е во прекин.

-Од 6 август 2016 година поради обилните врнежи од дожд и надојдената вода, во прекин е сообраќајот по обиколница од клучка Хиподром до клучка Сарај. Прекинот ќе трае до завршување на активностите околу расчистување на истата, стои во извештајот од АМСМ.

Сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози. Посебно да се внимава низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.

 
 
09.08.2016 - 11:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега