Прилеп испрати механизација и над 150 луѓе помош на поплавените подрачја во скопско

Општинскиот кризен штаб и локалната самоуправа од oпштина Прилеп, рано утринава упатија помош до зафатените подрачја од поплавите во Скопско, во човечки ресурси и механизација.

Како што информираа од општина Прилеп во акцијата се вклучија над 150 луѓе од јавните комунални претпријатија од Прилеп, ЈП ПУП, ЈП Македонски шуми -Црн Бор Прилеп,  екипи од противпожарната единица, од Македонија пат - подружница Прилеп, од брзата медицинска помош и работна сила од АД Турунски комбинат - Прилеп.

Воедно, со овој конвој во два камиони од Македонија пат - Прилеп, беше испратена  и хуманитарната помош во вода, храна, средства за хигиена и детски памперси, која вчера прилепчани ја собираа на пунктот кој го постави локалната самоуправа во организација со ОО на Црвениот крст - Прилеп, велат оттаму.

Градоначалникот на Прилеп истакна дека во координација со Центарот за кризи - Скопје доколку е потребно и во наредните денови Прилеп ќе помага со човечки ресурси и механизација и ги повика сите оние кои сакаат да помогнат да се пријават во локалната самоуправа.

Граѓаните можат да донираат и парични средства преку телефонскиот број за донации 143 400.

 

 
 
09.08.2016 - 11:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега