Трајковски: Ќе се прави анализа како да се заштитиме од ваква катастрофа

На вонредната седница на владата е донесена одлука да се направи комплетна анализа за превентива од слични вакви непогоди, рече во Отвореното студио на ТВ Нова Тони Трајковски, градоначалник на општина Гази Баба.

-Оние коишто беа на терен и ја видоа силината на невремето… може слободно да се констатира дека би можело нешто да се ублажи, но тешко во ваква ситуација кога имаме два метра вода над патот на обиколницата дека може некој канал тоа да го прифати“, изјави Трајковски.

-Се виде дека каналот во Сингелиќ е комплетно исчистен, немаше трева, ништо. Комплетно е исчистен, но штетите се големи, рече Трајковски.

Трајковски потенцираше дека се во постојана комуникација со граѓаните и оти најнеопходно во овој момент е да се заштитат животите на граѓаните, да се даде прва помош и да се обезбедат услови за живот.

 
 
09.08.2016 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега