Готвачите од „Гастро Мак“ подготвени да помогнат за погодените подрачја

Здружението на готвачи „Гастро Мак“ им изразува сочувството на семејствата на загинатите и настраданите во невремето што го зафати скопскиот регион.

– Во овие денови, кога како општество се наоѓаме пред предизвикот да бидеме солидарни и сплотени, секој да се понуди за помош во делот за кој се чувствува најкомпетентен и може да биде од најголема полза на граѓаните, информира „Гастро Мак“.

Тимот на „Гастро Мак“  ги известува надлежните институции и граѓанските асоцијации дека со своите готвачи се става на располагање да помогне во оваа вонредна состојба.

Согласно препораките на лекарите и медицинските протоколи, потребно е исклучително внимателно дистрибуирање храна и вода во загрозените населени подрачја, како и употреба на зеленчукот и овошјето од површините поплавени од наносите од дожд.

 
 
09.08.2016 - 10:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега