Пекабеско донираше млеко и конзервирана храна за настраданите во поплавите

На пунктот на Црвениот Крст во Момин Поток, Пекабеско донираше млеко и конзервирана храна наменета за настраданите во поплавите

 

Компанијата Пекабеско се приклучи на огромниот број хумани граѓани, компании и организации кои несебично донираат за настраданите во поплавите кои го зафатија Скопје.

За таа цел, Пекабеско обезбеди 1.440 литри млеко, како и 960 килограми конзервирана храна и со тоа се вклучи во хуманата акција на Црвениот Крст на Република Македонија за помош на лицата погодени од поплавите.

Покрај ова, компанијата упати апел до своите вработени и деловни партнери да се вклучат и да ја поддржат оваа хумана акција преку донирање на храна, облека или финансиски средства преку отворените телефонски линии и жиро сметки.

„Обврска на секој човек или правно лице е во прв план да ја стави хуманоста и солидарноста, особено во вакви тешки моменти со кои се соочуваат нашите сограѓани. Никому повеќе да не се случи. Никогаш повеќе да не се повтори!“, изјавија од Пекабеско.

 
 
09.08.2016 - 10:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега