Некрофилите од СДСМ и нивните медумски слуги бараат оставки од Обама, Меркел, Путин, Оланд и шеикот од Дубаи заради поплавите

Очајот на СДСМ го допира дното. Партиајта која ја предводи аболицираниот криминалец Заев по кој знае кој пат пробува да капитализира политички поени на туѓа несреќа и загуба на човечки животи. Очигледно со СДСМ не е нешто во ред бидејќи само посакуваат и се радуваат на смрт, пишува Курир.мк

Медиумите на СДСМ кои ги извршуваат нивните нарачки беспоговорно, координирано спроведуваат некрофилска хајка која има за цел да ја обвини владата на ВМРО – ДПМНЕ за природна непогода. И од СДСМ да е премногу не е. Под инструкции на аболицираниот криминалец Заев, новинарите кои примаат нарачки од Бихачка се обидуваат да претстават дека ВМРО-ДПМНЕ е виновно за очигледна природна непогода и најобилни врнежи кои историски не се забележани во Скопје.

Повторно СДСМ ги потценува граѓаните сакајќи да ги убеди дека фактот што во Скопје наврна за два часа дожд колку што паѓа во текот на цел месец август е човечка вина. Срамно и недостојно.

Новинарите пак кои спроведуваат вакви нарачки и одработуваат класично под команда на Роберт Поповски пак се посебна приказна, срамна се разбира. Некои од нив очигледно се подготвени за продавање на својата кариера само за некој грант од Сорос или пак ситна пара од фирмите на Вице Заев.

СДСМ не разбира дека вакви очигледни монтировки во кои и самите не веруваат, не проаѓаат кај народот. Македонскиот народ е паметен и недозволува некој да го потцени и навреди како што СДСМ го прави тоа во континуитет.

Затоа Заев и Шеќеринска кога одат во посета на загрозените подрачја се задржуваат само 3 до 5 минути, притоа возејќи се во кола до некоја куќа на некој нивен локален партиски моќник, бидејќи граѓани не ги примаат, и таму кај нивниот локален шеф снимаат краток и ефтин монтиран и режиран клип. Аболицираниот криминалец и неговите потрчковци знаат дека народот не сака да ги види во нивните места, а камо ли пак дома.

Како тргнале нема да не зачуди СДСМ и нивните медиумски слуги за некој ден да ги обвинат и да побараат оставки од Барак Обама, Ангела Меркел, Владимир Путин, Франсоа Оланд и шеикот од  Дубаи за поплавите од ист или пак посилен карактер кои се случија во САД, Германија, Франција, Русија и Емирaтите.

Да можеше да се спречи елементарна непогода овие светски велесили ќе ја спречеа. Да беше проблем со канализација, преграда, предупредување од меторолози и Американците, Русите, Германците и Французите, кои се најсилни и воено и економски и политички и со кадар и со ресурси и секако, ќе можеа да ги спречат овие сцени од подолу.

Каков блам на СДСМ, каков срам на нивните медиумски слуги. Погледнете ги видеата од подолу.

Франција

Германија

Русија

Дубаи 

Кина

 

 

 
 
09.08.2016 - 09:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега