Град Скопје со втора седница: Парична помош за семејствата на настраданите

 

По обилните врнежи на дожд и катастрофалните штети кои се случија во Скопје, Советот на Град Скопје вчера ја оджа својата втора вонредна седница.

 На оваа седница се дискутираше на единствена точка - Информација во врска со невремето што го погоди градот Скопје и околината на 6 август 2016 година и мерки и активности за санирање на настанатите штети.

 

 Седницата започна со едноминутно молчење за оддавање почит на жртвите од невремето на подрачјето на  градот Скопје.

 

 На седницата градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, пред советниците ги пренесе информациите од терен за моменталната состојба по големото невреме, нанесените штети, како и од активностите на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје од почетокот на невремето до тој момент. Дополнително, тој ги пренесе и заклучоците за дејствување донесени на состанокот на Управувачкиот комитет за справување со кризи.

 

 Советот на Град Скопје едногласно ја донесе Одлуката за давање парична помош на настраданите од невремето на подрачјето на  градот Скопје. Со оваа одлука Градот Скопје, како израз на солидарност за настраданите од невремето кое го зафати подрачјето на  градот Скопје, на семејствата на починатите им доделува  парична помош во износ од 180.000 денари, за секој починат член од семејството.

 
 
08.08.2016 - 09:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега