Три села отсечени поради страшното невреме

На територијата на Република Македонија во околината на Тетово се случи големо невреме проследено со силен дожд, ветер и грмотевици. 

Како што информира Дирекцијата за заштита и спасување врз основа на добиените податоци од терен, зафатени беа селото Бродец и село Шипковица.

 

- Патот меѓу двете села е одсечен во должина од 200 метри и оштетен во должина од 10 метри. Вработените на Дирекцијата за заштита и спасување започнаа активности за координирање и процена на настанатата состојба за итно организирано решавање на истата, стои во соопштението од ДЗС.

 

Од Дирекцијата за заштита и спасување, воедно информираат дека продолжуваат да ја следат состојбата на теренот и за секоја новонастаната состојба во континуитет ќе известуваат.

Невреме проследено со силен дожд, ветер и грмотевици го зафати и главниот град Скопје. Откорнати се дрва и поплавени улици, а делови од градот се без електрична енергија.

 
 
06.08.2016 - 22:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега