До ДИК пријавени 2.571 граѓанин со спорни записи

До Државната изборна комисија заклучно со денеска до 12 часот се пријавиле вкупно 2.571 граѓанин чии записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, односно има несовпаѓање на податоците во Избирачкиот список.

Од нив, 1.003 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии и дополнителните канцеларии на ДИК, додека 1.568 за пријавување ја искористиле веб апликацијата на интернет страницата на ДИК

 
 
06.08.2016 - 14:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега