Арсовска-Томовска на средба со државниот секретар во СЕП

 

Можностите за јакнење на капацитетите на ИПА оперативната структура преку подобрување на системот на стручно усовршување и обука беа тема на разговор на денешната работна средба во Скопје меѓу министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска-Томовска и државниот секретар во Секретаријатот за европски прашања Ана Блажеска.

ИПА структурата брои околу 400 административни службеници кои работат на програмирање, спроведување и мониторинг на претпристапната помош во органите на државна управа.

На средбата, информираат од МИОА, беа разгледани различни модели и најдобри практики од земјите-членки на ЕУ со цел унапредување на политиките за задржување на кадарот и јакнење на административниот капацитет. Овие активности се дел од заложбите на Владата за зголемување на искористеноста на европските фондови и подобрување на квалитетот и одржливоста на проектите реализирани со Инструментот за претпристапна помош (ИПА). 

Стана збор и за портфолиото на ИПА проекти на Министерството за информатичко општество и администрација, при што беше изразено задоволство од успешната соработка со Секретаријатот и со Делегацијата на ЕУ со оглед на фактот што во текот на минатата недела за сите проекти од програмската 2012 година беше добиено одобрување од страна на ЕК за премин во следната проектна фаза. 

 
 
05.08.2016 - 14:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега