Државниот инспекторат за земјоделство со засилена контрола - казнет продавач на бостан

Државниот инспекторат за земјоделство поднесе пријава против Н.Н. откако го затекнал како продава 9.600 килограми бостан на несоодветно место во Струмица, му ја запленил целата количина и го казнил со 800 евра глоба.

Како што соопшти Инспекторатот, Н.Н. не поседувал дозвола за пласман на лубениците.

Државниот инспекторат најавува уште позасилена контрола за, како што наведува, да бидат заштитени регистрираните производители и трговци со зеленчук и овошје.

 
 
04.08.2016 - 16:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега