Потресно сведоштво за хоророт: "Слушнав како некој вришти па видов крв"

Една жена е убиена синоќа, а петмина други се ранети во напад со нож на плоштадот „Расел сквер" во центарот на Лондон, пренесува ДПА.

Полицијата веднаш била повикана на местото на настанот, по дојавата дека еден маж вооружен со студено оружје напаѓа случајни минувачи на плоштадот околу 22:30 часот по средноевропско време. Напаѓачот е уапсен, откако бил совладан со пиштол за електро-шок шест минути по повикот. На плоштадот потоа се констатирани шест повредени лица. Кога пристигнала медицинската екипа, жената се уште била жива, но кратко потоа им подлегнала на повредите, и покрај укажаната лекарска помош. 

Засега нема подробни информации за состојбата на другите ранети.

- Едно од можните објасненија, коишто се разгледуваат во оваа фаза, е - тероризам, изјави портпаролот на лондонската полиција.

Веднаш по инцидентот, полицијата испрати дополнителни единици за обезбедување на целиот тој кварт Блумсбери. Местото е центар на образовниот, интелектуален и културен живот во Лондон. Тука се наоѓаат и Британскиот музеј, главниот комплекс згради на Лондонскиот универзитет и редица други образовни институции, музеи, хотели и ресторани. 

ДПА додава дека синоќешниот напад се случува истиот ден кога Лондонската полиција го зголеми бројот на чувари на редот во британскиот главен град за 600 специјалци, поради се почестите предупредувања за терористички напади.

Еден од сведоците вели: Слушнав како некој вреска, па видов крв. Ја видов жената, лежеше во крв. Глетката била ужасна.

 
 
04.08.2016 - 09:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега