Детали за несреќата во Марибор: На голманот му ги ампутирале ногата и раката

Двајца фудбалери од вториот тим на Марибор загинаа вчера во сообраќајна несреќа која се случи кога автомобилот во кој биле удрил во семафор. Несреќата се случила на излез од Марибор додека се враќале од тренинг.

Словенечките медиуми објавиле дека во автомобилот се наоѓале четири лица, а на лице место загинале Дамјан Марјановиќ (20) и Зоран Баљак(21).

Баљак загинал, а не стигнал да одигра ниту минута за новиот клуб. Тој допатувал на потпис на договор.

Лекарите се борат за животот на Љубомир Моравц, кој како и Баљак се наоѓал за задното седиште. На Моравц кој е голман, морале да му ги ампутираат раката и ногата. Жига Липушек(19), кој седел на местото на совозач е полесно повреден.

 
 
04.08.2016 - 09:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега